ДИК: Излезноста до 11 часот е 14,18 насто

претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Државната изборна комисија на втората прес конференција соопшти дека излезноста до 11 часот 14,18 отсто, односно 160.035 гласачи. Највисока излезност има повторно во Ранковце каде своето право на глас го искористиле 38,2 отсто од гласачите. Потоа следуваат Вевчани со 31,24, Демир Капија 30,14, Пехчево 28,44, Конче 26,74, Демир Хисар 25,19, Кратово 25,12, Пробиштип 24,75, Лозово 23,51, Чашка 22,73 проценти, Зелениково 21,55.

ЦИВИЛ: Мирен почеток на гласањето на избирачките места

„Гласањето се одвива нормално, освен мали технички проблеми на неколку избирачки места кои се надминати“, истакна на втората прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.