Мирен почеток на гласањето на избирачките места, од една страна и кршење на изборниот молк, говор на омраза и црна кампања на социјалните мрежи, од друга страна, го одбележа почетокот на вториот круг на локалните избори 2021, изјави претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала. „Набљудувач на ЦИВИЛ во општина во источниот дел од земјава утринава беше следен и фотографиран повеќе пати. Случајот е пријавен во полиција, соопшти Дерала, кој рече дека тоа е изолиран случај на притисок врз набљудувачите на ЦИВИЛ. „Во овој момент имаме малку извештаи за попречување на работата на набљудувачите на ЦИВИЛ за разлика од првиот изборен круг, дополни Дерала. Мониторинг-тимовите на ЦИВИЛ, како што рече, повторно бележат проблеми со фингерпринт апаратите.
За вториот изборен круг акредитирани 1.598 набљудувачи, новинари и преведувачи
ЈО со дополнителни дежурства за гласањето
„Еден од долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ направи статистика од едно избирачко место во Кисела Вода. Од 70 гласачи во ИМ 2668, ООУ „Партение Зографски“, Кисела Вода, само 19 немале проблем со идентификација на фингерпринт апаратите. Радовиш, ИМ 1582, ФП апаратот не може да ги отчитува отпечатоците од прст, со искуство од претходно гласање, било исклучено светлото во просторијата така што останала само надворешната светлина. Потоа, немало ниту еден проблем со фингерпринтерот, на сите гласачи им ги отчитувал прстите, соопшти Дерала. Проблеми со апаратите, како што изјави тој, имало и во Тетово, ОУ „Братство Миѓени“, ИМ 1952, Карпош, ООУ„Јан Амос Коменски“, ИМ 2605, Кисела Вода, ОУ „Невена Георгиева Дуња“, ИМ 2745.