Државната изборна комисија на денешната прва прес конференција посочи дека излезноста до 9 часот изнесува 5,25%, односно гласале 56.700 гласачи.
Највисока излезност има во Општина Ранковце каде излезноста е 15,24 насто. Потоа следува Пехчево со 13,73 проценти, Зелениково со 11,74, Демир Хисар со 10,88, Вевчани 10,51% Конче со 10,14 проценти излезност.
Се бираат градоначалници на 44 општини
Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека утрово на отворањето на избирачките места во 7 часот на еден број места имало определени проблеми, како во Скопје, така и во други места надвор од главниот град, но дека тие проблеми, како што нагласи, се надминати и гласањето се одвива во сите избирачки места.
За вториот изборен круг акредитирани 1.598 набљудувачи, новинари и преведувачи
Таму каде што гласањето било прекинато повеќе од час време, за толку време ќе биде продолжено гласањето по 19 часот, рече Даштевски.
На 2.480 избирачки места во 44 општини и во Град Скопје гласаат 1.353.990 гласачи, потсети Даштевски и рече дека во Дебар на едно избирачко место и во Шуто Оризари, исто така на едно избирачко место, се повторува првиот изборен круг.