Јавното обвинителство ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.
„Јавните обвинители посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање“, соопштија од прес службата на Јавно обвинителство.
ДИК-Досега гласањето на болни, немоќни и затвореници без проблеми
И во текот на утрешниот изборен ден, во вториот круг од локалните избори ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. Во соопштението е наведено дека итно и со приоритет обвинителствата ќе постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите.
„ Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување“, се вели во соопштението.