Во изминатото деноноќие во Бугарија се регистрирани 5.256 новозаразени со коронавирус од направени 53.300 тестови. Од нив 87 отсто се невакцинирани, покажуваат податоците на Единствениот информативен портал. Само во последните 24 часа во Бугарија починаа вкупно 154 луѓе од последици од коронавирусот. Бројот на починати кај кои е потврден Ковид-19 во Бугарија од почетокот на пандемијата е 23.872.
Вкупниот број на пациенти со овид-19 во болниците е 7.680, од кои 676 се на одделенија за интензивна нега или клиники. Има 939 нови приеми во болница, од кои нешто повеќе од 88 отсто не се вакцинирани.
Досега во Бугарија се аплицирани вкупно 2.827.489 дози вакцини против коронавирус, од кои 23.164 се примени во последните 24 часа. Вкупниот број на лица со примени две дози вакцина во Бугарија е 1.503.885.