Во пресрет на одржувањето на вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи утре, Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти.
Тоа значи дека во 44 општини граѓаните кои имаат итна потреба да сменат лична карта, тоа ќе можат да го направат во подрачните едници на МВР, односно денеска да се фотографиират а утре да ја подигнат новата лична карта.
„Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР во Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав, на денеска ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот“, соопштија денеска од МВР.
Денеска од скопските подрачни единци ќе работи само Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.
В недела, пак, надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на веќе изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот.