Болниците во Бугарија се преполни, при што денеска на одделенијата има 7.553 пациенти со коронавирус, од кои 656 се на интензивна нега.
Повеќе од 90 отсто од пациентите не се вакцинирани, покажуваат податоците.
Здравствените власти велат дека владата и недовербата на јавноста кон вакцините се виновни за тешката епидемиолошка ситуација во земјата, посочувајќи дека само секој четврти возрасен човек е целосно вакциниран.
По релативно мирното лето, Бугарија тешко ја погоди нов бран на епидемијата, бидејќи не воведе построги мерки.
Земјата се соочува и со политичка криза со оглед на тоа дека од пролетта минатата година е предводена од преодна влада, што дополнително ја наруши довербата на јавноста во институциите.
Бугарија е на прагот на трети парламентарни избори за една година бидејќи партиите двапати не успеаја да се договорат за распределбата на власта.
Денеска се пријавени 5.178 нови инфекции и уште 124 смртни случаи, со што бројот на починати во земјата се искачи на 23.718, а во последните две недели Бугарија има највисока стапка на смртност од коронавирус меѓу земјите на ЕУ.