Состанок на министрите за финансии и здравство на Г-20

„Семејна фотографија“ за годишниот самит на Г20, проектирана на палатата Салва во Ат-Тураиф, Саудиска Арабија, 20 ноември 2020 година.

Во Рим денеска ќе се одржи заеднички состанок на министрите за финансии и здравство на Г-20, ден пред лидерскиот самит на групата 20 индустриски развиени земји. Се очекува на состанокот, САД да побараат од Г-20 подобро да се подготви за следната пандемија преку нов форум за откривање и координација на болести и посебен механизам за финансирање. Дипломатски извори на новинската агенција Ројтерс изјавиле дека другите земји од Г-20 не го прифатиле целосно новиот предложен механизам за финансирање во услови на голем број други барања за финансирање за климата, вакцините против ковид-19 и олеснување на долгот.

Г-20 поддржува поголема помош од ММФ за сиромашните земји погодени од ковид-19

Г-20 не се очекува да го поддржи предложеното продолжено замрзнување на билатералните исплати на долгот на сиромашните земји по крајот на оваа година. Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Г-20 на самитот се очекува да го поддржат даночниот договор прифатен од 136 земји. Но, Г20 е поделена на прашањето за постепено укинување на јагленот и ограничување на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени што им дава малку време на дипломатите да склучат договор пред самитот на Г- 20 од 30 до 31 октомври.

Извештај на ОН предупредува на пораст на температурите за 2,7 степени

Многу од лидерите, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, веднаш по Рим ќе летаат во Шкотска на климатскиот самит на Обединетите нации познат како COP26, кој се смета за витален за справување со заканата од пораст на температурите. COP26 вклучува речиси 200 земји, но блокот Г20, кој ги вклучува Бразил, Кина, Индија, Германија и Соединетите Американски Држави, е доминантна сила, со повеќе од 80% од светскиот бруто домашен производ, 60% од светското население и околу 80% од глобалните емисии на стакленички гасови.