Од следната година минималната нето-плата во Хрватска ќе изнесува 3.750 куни (500 евра), што е зголемување за 10,3 отсто.
Со ова за првпат минималната плата ќе биде над 50 отсто од просечната нето-плата, истакнаа од хрватската влада на владина седница, одржана денеска.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во воведниот дел од владината седница рече дека детално се разгледани сите опции во однос на зголемувањето на минималната плата, а Министерството за труд имало консултации со социјалните партнери.
„Во овие економски околности, проценуваме дека минималната плата ќе се зголеми од постојната нето минимална плата од 3.400 на 3.750 куни, рече Пленковиќ, додавајќи дека тоа ќе биде едноставно за паметење, со оглед на тоа што е 500 евра.
Околу 51 илјада вработени зимаат минимална плата.
Пред пет години минималната плата беше 38 отсто од просечната плата.