Бугарија привремено ќе ја затвори својата граница за Посетители од Украина, откако во таа земја има пораст на заразени со ковид-19. Ограничувањата за патување ќе стапат на сила на 30 октомври, соопшти Украинската амбасада во Софија.
Влез ќе им биде дозволен само на Украинците кои имаат бугарско државјанство и на членови на нивните семејства. Тие ќе може да влезат во Бугарија доколку имаат негативен тест за ковид, доказ за вакцинација или документи кои покажуваат дека го прележале вирусот.
Украина е среде нов ковид бран. На 27 октомври беа регистрирани повеќе од 26 илајди нови случаи дневно, што е рекорд во земјата.
Во главниот град на Украина, Киев, од 1 ноември се воведуваа нови рестриктивни мерки за затворање на градот, за да се спречи ширењето на вирусот.