Коли, гас и политика
МОЛДАВИЈА / ЕУ - Европската унија соопшти дека ќе ѝ обезбеди на Молдавија 60 милиони евра за да ѝ помогне на земјата да ја менаџира кризата со природен гас предизвикана од неуспехот на Кишињев да се договори за нов енергетски договор со традиционалниот снабдувач Русија.
ЕУ - Германски Фолксваген забележа пад на профитот и продажбата во третиот квартал, а американско-француско-италијанската група Стелантис не успеа да ги постигне своите производствени цели во третиот квартал бидејќи глобалниот недостиг на чипови го попречи производството на автомобили.
САД - Соединетите Држави го издадоа првиот пасош кој содржи категорија Х за секој што не сака да се изјасни дали е маж или жена, објави Стејт департментот. Се очекува следната година да се воведат категории за небинарни, интерсексуалност и родова некомпатибилност.
ФРАНЦИЈА - Францускиот претседател Емануел Макрон му рекол на австралискиот премиер Скот Морисон дека ја нарушил довербата меѓу нивните две земји и дека на Канбера е да ги поправи односите, соопшти Елисејската палата.
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски денеска изјави дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги го одобрила дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем.
КИНА - Кина денеска соопшти дека е против воените врски меѓу САД и Тајван, откако тајванската претседателка Цаи Инг-вен потврди дека мал број американски војници се присутни на островот.
МАКЕДОНИЈА - ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека обезбедиле мнозинство во Советот на Град Скопје.
СУДАН - Суданските безбедносни сили извршија апсења на демонстранти по воениот удар, додека меѓународната заедница ги засили казнените мерки. Стотици демонстранти фрлаа камења врз безбедносните сили додека тие ги демонтираа уличните барикади во источниот кварт на Картум, јави АФП.
РУСИЈА - Русија денеска објави рекорден број на случаи на коронавирус и смртни случаи. Според официјалниот извештај во земјата се регистрирани 40.096 нови случаи и 1.159 смртни случаи во изминатите 24 часа.
ФРАНЦИЈА / БЕЛОРУСИЈА - Француските власти го обвинија семејството на Александар Лукашенко дека стои зад мудро организираната трговија со луѓе во Европската унија преку Турција и Дубаи.