Струја, корона и пари

МАКЕДОНИЈА - Во моментот нема потреба да се прогласи кризна состојба во делот на енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата.

СУДАН - Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) закажа итен состанок поради воениот удар во Судан.

КИНА - Полицијата во Вухан, Кина, соопшти дека трага по маж кој убил седум луѓе, а потоа скокнал од мост во градот. Убил е петчлено семејство и уште две други лица додека бегал.

ПАКИСТАН - Неидентификувани вооружени лица киднапирале четворица владини службеници, вклучително и една жена, во северозападен Пакистан, соопштија денеска полицијата и локалните власти.

БУГАРИЈА - Бугарија, која има најнизок процент на вакцинирана популација во ЕУ, објави рекорден дневен број на заразени и смртни случаи од коронавирус.

МОЛДАВИЈА - Молдавската влада соопшти дека купила милион кубни метри природен гас од Полска, откако Кишињев не успеа да се договори за нов енергетски договор со традиционалниот снабдувач Русија, објави Радио Слободна Европа на англиски.

ЕУ / ИРАН - Иранскиот министер задолжен за нуклеарни прашања Али Багери оваа недела во Брисел ќе се сретне со европскиот преговарач Енрике Мора за да разговараат за продолжувањето на иранските нуклеарни преговори, изјави портпаролот на шефот на европската дипломатија Петер Стано.