Антикорупциската комисија бара проактивност на институциите и побрзо решавање на иницијативите, барањата и препораките кои ги испраќа до нив. Претседателката на комисијата Билјана Ивановска на денешната прес конференција на која зборуваше за оценките на Европската комисија за ДКСК , истакна дека многу нивни предмети се заглавени во институцитте и дека со месеци чекаат одговори.
Обвинителството се уште не и одговорило на Антикорупциската комисија за иницијативите за кривична одговорност за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистички план Ц08 за Холидеј ин, и за лицата од ДИК кои учествуале во тендерот за печатени материјали за гласање.
Антикорупциска чека одговор и од Уставниот суд за оценка на уставноста на законистоста на донесениот закон од јавен интерес со номинирање на стратешки партнер за доизградба на коридорите 8 и 10.
Претседателката Ивановска изјави дека се уште чекаат одговори по иницијативите за разрешување на одговорни лица и промена на законската регулатива за ограничување на дискреционите права со што ќе се овоможи фер начини на вработување, како и промена на на начинот за избор на директори и членови на управни одбори.
„На пример за јавните набавки во ДИК предметот е даден во 2019 година и се уште нема разрешница, потоа за ДУП-от е даден пред 6 месеци и сеушт нема разрешница. Сметам дека тие предмети се од особен јавен интерес за кои обвинителството треба да се произнесе, бидејќи има низа такви Детални урабинистички планови кои се донесени на иста начин. Сметаме дека оценката на Уставниот суд требаше да ја добиеме, предметот пред пет шест месеци го дадовме за оценување на уставноста на законот. Сакам да кажам дека е потребна проактивност од другите институции кога се работи за предмети кои се од особен јавен интерес, и ние имаме многу предмети тука, меѓутоа ги издвокуваме тие кои се важни за јавниот интерес, тие кои се за лични интерес се посебна приказна“ изјави Ивановска.
Таа посочи дека според последната анализа која ја правела ДКСК институциите прифатиле само 30 проценти од нивните препораките.
„Клучни препораки и мислења не беа прифатени кои можеби беа и одлучувачки за некои состојби“ додаде таа.
Таа оцени дека комисијата дома е дискредитирана и обвинувана дека ги надминува своите надлежности, иако Европската комисија и во последниот извештај го забележува напредокот во делот на борбата со корупцијата и судирот на интереси.
Во однос на Извештајот на Европската Комисија за Државната комисија за борба против корупцијата е нотиран напредокот во делот на борбата против корупцијата и судирот на интереси и се оценува дека ДКСК е особено проактивна во превенција на корупцијата и во отварање голем број предмети, вклучително на оние кои се однесуваат на високо ниво на службеници.