Узбекистан вчера гласаше на претседателските избори на кои актуелниот претседател Шавкат Мирзијоев не се соочи со вистинска опозиција и по се изгледа, ќе добие втор мандат. Офцијалните резулатите се очекуваат денеска. Тој се соочи со четворица малку познати кандидати кои главно се провладини. На три опозициски партии не им беше дозволено да се пријават или да имаат кандидати во трката. Тоа беа шести претседателски избори во Узбекистан откако земјата со околу 35 милиони жители ја стекна својата независност од поранешниот Советски Сојуз во 1991 година.
Претседателски избори во Узбекистан
Мирзијоев во последно време се бори да се спротивстави на впечатоците дека неговата влада се лизга кон авторитарните навики на неговиот долгогодишен претходник, Ислам Каримов. Мирзијоев навистина ја отвори најнаселената нација во Централна Азија за странски инвестиции, ги подобри односите на Узбекистан со соседите и ги олесни ограничувањата на верските слободи од времето на Каримов, а исто така ослободи десетици политички затвореници. Но, како и неговиот претходник, Мирзијоев практикува практично неограничена политичка моќ во Узбекистан, а неговите роднини се обвинети дека го користат неговото политичко влијание за да соберат богатство.