Реактор во нуклеарна централа во југозападниот регион Ростов во Русија беше исклучен по откривањето на истекување на пареа. Операторот соопшти дека нивото на радијација е нормално.
„Втората енергетска единица беше исклучена од мрежата при рутинска контрола за одржување на термичката и механичката опрема“ соопштија од подружница на државната нуклеарна централа Росатом.
Претходно истиот ден, работниците во нуклеарната централа Ростов пронајдоа пукнатина од 18 милиметри во заварен спој на цевка што се користи за контрола на влажноста и нивото на пареа. Во соопштението од централата е наведено дека цевката во која е пронајдена пукнатината не спроведува радиоактивна вода.
Рускиот надзорник за јавно здравје соопшти дека нивото на радијација на местото е во рамките на нормалното.
Нуклеарната централа со четири единици се наоѓа на брегот на сливот за складирање вода во Цимљанско езеро , 250 километри од регионалната престолнина, Ростов на Дон во југоисточна Русија.