Триесет и пет Авганистанци кои времено престојуваа во земјава заминаа во Грција

Архивска фотографија - Група Авганистанци пристигнаа на аеродромот во Скопје. 15 септември 2021.

Триесет и пет државјани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште.

Од Владата соопштија дека станува збор за активисти за човекови права и за женски права и членови на нивни семејства.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

Македонија им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

„Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации“, наведуваат во Владата.