Министерството за здравство ќе го набави единствениот лек против ковид 19, лекот Молнупиравир, информираат од Министерството. Од таму велат дека ставиле во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.
„Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 проценти“, соопштуваат од Министерството.
Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против ковид 19 не може да се споредуваат.
„Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на ковид -19“, соопштуваат од Министерството за здравство.