Хјуман рајтс воч бара да се зголеми поддршката за Авганистанците во ризик

Да се зголеми поддршката за Авганистанците кои се во ризик, кои бараат да ја напуштат својата земја или веќе избегале и сега се наоѓаат во соседните земји или во други транзитни земји, побара Хјуман рајтс воч (ХРВ) од агенциите и од земјите членки на Обединетите нации.

Организацијата за човекови права бара агенциите на ОН и владите кои ги прифаќаат авганистанските бегалци и баратели на азил „да се фокусираат на зголемување на преселбата на бегалците и на изнаоѓање безбедни и издржливи решенија за оние Авганистанци на кои им е потребна заштита“.

Откако Талибанците во август ја презедоа контролата врз поголемиот дел од Авганистан, многу Авганистанци се под голем ризик од одмазда од страна на тврдокорната исламистичка група, вклучително и бранители на човекови права, активисти за женски права, медиумски работници, судии и други кои претходно работеа во администрацијата или во безбедносниот сектор.

„Овие Авганистанци зависат од тоа владите да им го испочитуваат правото на азил“, се наведува во изјавата на Бил Фрелик, директор во Хјуман рајст воч за правата на бегалците и мигрантите.

Реакцијата на ХРВ успеди откако Амнести интернешенел соопшти дека Авганистанците кои се изложени на ризик од одмазда од страна на Талибанците се соочуваат со ужасни пречки во потрагата по сигурност надвор од Авганистан.