Од Заев до Саакашвили
САД - Земјите во светот во моментов планираат повеќе од двојно да го зголемат производство на јаглен, нафта и гас што не е во согласност со плановите за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, соопштија Обединетите нации (ОН) во извештај објавен на 20 октомври.
САД / ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и американскиот државен секретар Ентони Блинкен во денешна заедничка изјава наведуваат дека ЕУ и САД ќе го зајакнат заедничкиот ангажман на Западен Балкан.
ГРУЗИЈА - Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој речиси три недели штрајкува со глад во затвор, се согласи на медицинска интервенција, но вети дека ќе продолжи со протестот.
ИЗРАЕЛ - Израел потврди случај со подваријанта на делта сојот на коронавирусот, што претходно беше откриен во некои европски земји, објави Министерството за здравство на земјата.
СИРИЈА - Најмалку 13 лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија на уреди кои биле насочени кон автобус на сириската армија во центарот на Дамаск.
БиХ / РЕПУБЛИКА СРПСКА - Националното собрание на Република Српска денеска треба да одржи специјална седница на која треба да се расправа за предложениот закон со кој ќе се прекине надлежноста на Агенцијата за лекови на БиХ на таа територијата.
РУСИЈА - Русија, Кина и Пакистан се подготвени да обезбедат помош за Авганистан, соопшти руското министерство за надворешни работи, но Москва сѐ уште не е подготвена да ја признае талибанската влада.
ЧЕШКА - Премиерот на Чешка Андреј Бабиш го повика шефот на кабинетот на претседателот веднаш да поднесе оставка поради наводна несоодветност во извршувањето на своите должности, додека претседателот на таа земја, Милош Земан, се наоѓа во болница.
ЕУ / ТУРЦИЈА - Европската комисија оцени дека кандидатурата на Турција да се приклучи кон ЕУ застанала поради сериозните демократски недостатоци. Станува збор за најкритичниот годишен извештај на Комисијата откако Анкара започна преговори за членство пред 16 години.