Националното собрание на Република Српска денеска треба да одржи специјална седница на која треба да се расправа за предложениот закон со кој ќе се прекине надлежноста на Агенцијата за лекови на БиХ на таа територијата. Во меѓувреме шефот на пратеничкиот клуб на опозициската Српска демократска партија Миладин Станиќ изјави дека нема да го поддржи законот, бидејќи бил во надлежност на Парламентот на БиХ, а не на Националното собрание на РС. Станиќ им рече на новинарите дека, доколку тоа законско решение биде усвоено, тоа ќе биде оспорено во Советот на народите на РС, како и во Уставниот суд на БиХ.
Босанските лидери убедени дека нема да има поделба на БиХ
Додик пееше со хармоника во Претседателството на БиХ
Националното собрание на Република Српска на специјалната седница ќе расправа и за спорните испораки на кислород до здравствените институции во тој босански ентитет. Во последниот месец, Република Српска беше потресена од аферата „кислород“, откако беше утврдено дека тамошните болниците се снабдуваат со кислород од компании кои немаат одобрение од Агенцијата за лекови на БиХ за увоз и трговија на медицински кислород.