Во Москва разговори меѓу претставници на Авганистан, Русија, Пакистан и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Русија, Кина и Пакистан се подготвени да обезбедат помош за Авганистан, соопшти руското министерство за надворешни работи, но Москва сѐ уште не е подготвена да ја признае талибанската влада. Ветувањето за хуманитарна помош и економска поддршка дојде по разговорите меѓу руски, кинески и пакистански претставници, на кои денеска во Москва ќе им се придружат претставници на авганистанските исламистички владетели.

Путин - ИД има илјадници борци во Авганистан

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Русија одбива да ги признае Талибанците, додека чека да ги исполнат ветувањата што ги дадоа кога ја преземаа власта, вклучително и за политичката и етничката инклузивност на новата влада. Критичарите велат дека поранешното бунтовничко движење се повлекува од ветувањата дека нема да ги стави настрана жените и малцинствата, ниту ќе ги прогонува непријателите. „Официјалното признавање на Талибанците засега не се дискутира. Како и повеќето други влијателни земји во регионот, ние сме во контакт со нив. Ги поттикнуваме да ги исполнат ветувањата што ги дадоа кога дојдоа на власт“, рече Лавров.