Премиерот на Чешка Андреј Бабиш го повика шефот на кабинетот на претседателот веднаш да поднесе оставка поради наводна несоодветност во извршувањето на своите должности, додека претседателот на таа земја, Милош Земан, се наоѓа во болница. Полицијата ги истражува обвинувањата за „злосторства против републиката“. Претседателот Земан во моментов е на интензивна нега. Тој беше примен во болница ден по изборите на кои опозицијата на десниот центар ги намали шансите Андреј Бабиш да остане на власт.
Вистрчил - Чешкиот претседател не е здравствено способен да ги извршува должностите
Повеќе од една недела, кабинетот на претседателот инсистираше на тоа дека, досега непозната болест, не го спречува Земан да ги исполнува своите уставни обврски. Сепак, шефот на Сенатот Милош Вистричил вели дека добил официјална потврда од директорот на Централната воена болница во Прага дека претседателот е „неспособен да исполни каква било работна обврска“, така што не е во состојба да ги извршува своите должности.
Чешкиот претседател Земан хоспитализиран во Прага
Улогата на претседателот во Чешка е главно протоколарна, но таа улога стана исклучително важна по неодамнешните избори, бидејќи претседателот му дава мандат на некого да формира нова влада. Тој, исто така, ја прифаќа оставката на премиерите во заминување и го свикува парламентот. Затоа, неспособноста на г -дин Земан да ги извршува своите должности го доведува во прашање непречениот трансфер на власта.