Кризниот центар за борба против коронавирус во Москва, денеска соопшти дека во изминатите 24 часа, како последица од ковид починале 1.105 луѓе, со што бројот на починати од коронавирусот достигна 225.325 од почетокот на пандемијата. Русија е на четврто место по број на починати од ковид, и се наоѓа зад САД, Бразил и Индија.
Украинското Министерството за здравство денеска објави дека од ковид починале 538 лица во изминатите 24 часа, што е највисока дневна бројка забележана за време на пандемијата. Досега како последица на ковид во Украина починале 61,348 луѓе.
И Романија објави нов дневен рекорд на заразени и починати од ковид во изминатите 24 часа кога се регистрирани 18.863 новозаразени и 574 смртни случаи.
Премиерот на Летонија најави дека балтичката земја речиси еден месец ќе биде затворена поради зголемениот број на инфекции со коронавирус и лошата стапка на вакцинација.
„Се извинувам на оние кои се веќе вакцинирани, но ограничувањата ќе важат за сите“, рече премиерот Крисјанис Каринс пред новинарите.