Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со изборите и гласањето, формирана во Jавното обвинителство, денеска соопшти дека во текот на првиот круг од локалните избори 2021 добиле поголем број известувања, поднесоци и пријави за индиции за сторени изборни нерегуларности.
„По сеопфатна анализа се оформени предмети во соодветните основни јавни обвинителства и интензивно се прибираат материјални и вербални докази. По нивното разгледување и анализа, надлежните обвинители ќе донесат и соодетни јавнообвинителски одлуки за натамошно постапување“, соопшти Комисијата во Jавното обвинителство.
- Која е причината за лошите изборни резултати на СДСМ?
- „Ајде да видиме кој погласно ќе вика дека победува“ - вие коментирате!
Од поспецифичните случаи - Се води постапка против непознати сторители за пукање од огнено оружје за време на митинг на политичка партија во текот на изборната кампања, предмет за сторено кривично дело „Изнуда” од страна на засега непознати сторители кон лице од кандидатската листа за советници на една политичка партија за Град Скопје, при што на оштетениот му биле испраќани пораки, меѓу нив и „порака каде се спомнува бомба“.
На избирачко место во Демир Капија било пријавено алкохолизирано лице кое уништувало избирачки материјал, а во Свети Николе се води постапка против едно лице под сомнение за поткуп, како и во Кочани и во Тетово за исто дело.