Од 82 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје, според податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК), независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 37,28 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 34,96 отсто, пренесува МИА.
Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,58 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 4,04 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,91 проценти и Александар Тортевски од Твоја Партија – 1,07 процент.
Излезноста е 48,77 проценти.
За Совет на Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 33,91 проценти, потоа СДСМ – 22,39, ДУИ -13,17, Левица – 8,38, АА/А – 5,63, ЛДП/ДОМ – 3,85, Зелен хуман град – 3,58, , БЕСА – 1,13 отсто, а останатите се под еден процент.
Во Македонија вчера се одржа првиот круг од седмите локални избори. Во 10 општини градоначалник се избра уште во првиот круг, за останатите ќе има гласање во втор круг.