Американскиот секретар за одбрана во посета на Грузија

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска пристигна во Грузија, првата земја на неговата турнеја по регионот на Црното Море, со цел да ги зајакне сојузите со земјите под притисок на Русија. Остин ќе се обиде да ја обнови програмата за воена обука и ќе ја изрази посветеноста на САД кон таа земја, која веќе неколку години сака да стане членка на НАТО. Неименуван американски функционер изјави дека САД сакаат да го зајакнат суверенитетот на земјите „на мета на руската агресија“.

Опозицијата во Грузија бара ослободување на Саакашвили

Руската армија се наоѓа во два отцепени грузиски региона, во Абхазија и Јужна Осетија. Соединетите држави со години водат воена програма со грузиската војска, фокусирајќи се врз соработката со НАТО и територијалната одбрана. Таа програма ќе биде завршена во декември. По Грузија, Остин ќе ги посети Украина и Романија. Американскиот министер в четврток и петок ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите -членки на НАТО во Брисел.