Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во светлина на средбата на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел со лидерите од регионот на ОН и за ситуацијата во северно Косово, се наведува во подготвителниот документ на седницата. Според извори на Советот на министри на ЕУ во Брисел, Борел накратко треба да ги информира министрите за надворешни работи на Унијата за ситуацијата на Западен Балкан и пораките што ги доби од лидерите на регионот, вклучувајќи го и неодамнешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Словенија.
ЕК в вторник ќе ги објави извештаите за напредокот на Западен Балкан
Блинкен: Потребно е да продолжи пристапниот процес со Северна Македонија и Албанија
Во Европската унија, според европски дипломатски извори, неодамнешната акција на косовската полиција и конфликтот со српските цивили на север предизвика сериозна загриженост. По самитот на Брдо кај Крањ, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека шефовите на држави или влади на ЕУ евентуално би можеле да ги „допрат“ односите на Унијата со Западен Балкан на седницата на 21 и 22 октомври во Брисел. Самитот на Брдо кај Крањ заврши без јасна порака од ЕУ за перспективите на партнерите од Западен Балкан да се приклучат на Унијата во догледна иднина.