Прелиминарните резултати на општинските избори во Косово покажуваат дека 17 општини ги избрале победниците во трките за градоначалници, додека 21 општина ќе излезат во вториот круг на гласање, вклучувајќи ја и трката во главниот град Приштина. Српската листа, која е блиска до српското раководство во Белград, победи на девет од 10 трки за градоначалници со мнозинство Срби во северниот дел на земјата, додека Демократската партија на Косово победи на четири, Алијансата за иднината на Косово на две, и Демократската лига на Косово на две.
Локалните избори во Косово, тест за „Самоопределување“
Затворени гласачките места во Косово
Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти не освои ниту една општина во првиот круг, но ќе се натпреварува на 12 трки во вториот круг, вклучително и во Приштина, покажуваат прелиминарните резултати. На локалните избори во 2017 година, Самоопределување го освои главниот град. Прелиминарните резултати покажуваат дека кандидатот на Самоопределување, Арбен Витиа - поранешен министер за здравство - ќе се соочи во вториот круг против кандидатот на Демократската лига на Косово, Перпарим Рама. Витија имаше 42,3 проценти од гласовите, а Рама 29,3 проценти од гласовите. Аналитичарите во Косово велат дека првичните резултати се сметаат за разочарување за Курти и неговото движење, бидејќи не успеале да добијат градоначалници во првиот круг. Повеќе од 42 проценти од избирачите со право на глас - или околу 770.000 лица - гласаа, објави Централната изборна комисија по затворањето на избирачките места во 19 часот.