Даштевски – Изборниот ден заврши успешно

Александар Даштевски, претседател на ДИК

Генерално изборниот ден заврши успешно, без никакви проблеми и се гласаше законски и регуларно, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.

На прашањето дали чувствува одговорност за проблемите со апаратите за отпечаток од прст кои често не функционираа и го успоруваа гласањето, тој рече дека е среќен, затоа што апаратите помогнале и сè поминало во најдобар ред.

Даштевски најави поконкретни резултати за утрешниот ден.