Шанса за Центар освои тројца советници во Општина Центар

Кандидатите на граѓанската иницијатива Шанса за Центар

Независната иницијатива Шанса за Центар вечерва објави дека освоиле три советнички места во Советот на Општина Центар.

„Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме! Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму“, објави иницијативата на Фејсбук.

Во Советот на Општина Центар има 23 советници.