Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва рече дека СДСМ води во најмалку 25 општини на денешните локални избори, меѓу кои во Скопје, Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Карпош, Центар, Пробиштип, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Чашка, Росоман, Ново Село, Старо Нагоричане, Лозово, а пред ВМРО-ДПМНЕ е и во други општини како Куманово, Долнени, Дебарца, Струга и на други места.
Во однос на славјето пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски вели дека опозициската партија конструира лажна еуфорија. Ова не е рена за навивање, туку натпревар за подобар живот на граѓаните, рече тој.
„Локалните избори секогаш имаат и втор круг, затоа Кочи Мицко!“, рече Николовски.
Тој рече дека СДСМ на крај ќе освои повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ затоа што има поголем коалициски потенцијал.