Новаци општина рекордер по излезност

Општина Новаци, како и на сите претходни изборни циклуси, така и сега урива рекорди по излезност на гласачите.

Според податоците на ДИК, до 13 часот на ниво на цела држава, Новаци е општина каде најголем процент од гласачите го оствариле правото на глас, односно гласале 43,70 проценти.

Новаци е една од најголемите по површина општини во земјава, а со најретка населеност.

Во Преспанско-пелагонискиот регион таа засега предничи по излезен број на гласачи, по неа е Могила со 28,78 проценти, Битола со 25,31 проценти, па Ресен со 20,99 отсто од гласачкото тело.