Полскиот парламент итно гласаше за законот предложен од владата на премиерот Матеуш Моравиецки за изградба на масивен ѕид поради мигрантската криза на граница со Белорусија што ќе ги чини полските даночни обврзници 351 милиони. Сејмот го прифати владиниот предлог според кој редовните закони и прописи, градежништвото, заштитата на водата и животната средина, како и правилата за јавни набавки од државниот буџет не треба да се применуваат при изградбата на ѕидот, а таа инвестиција ќе биде контролирана само од Централното биро за борба против корупцијата. Регионалните власти ќе можат да прогласат забрана за движење во зона од 200 метри од ѕидот што ќе стои на границата.
Германија алармира на зголемен број мигранти на „Белоруската рута“
„Sидот, долг неколку стотици километри, ќе биде завршен во првата половина на следната година. Усвојувањето на законот значително ќе ги забрза работите", изјави владиниот портпарол Пјотр Милер пред гласањето во долниот дом на полскиот парламент.
Варшава: Белоруските сили пукале врз полските војници, Минск негира
Полска има докази дека Минск и Москва го оркестрираат мигрантскиот бран
Полска и балтичките држави го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека намерно повикувал бегалци од Азија и Африка да дојдат во Белорусија и да ја преминат надворешната граница на ЕУ, како дел од хибридна војна и одмазда, бидејќи Европската унија му воведе санкции. Од почетокот на септември, Полска затоа воведе вонредна состојба во зона широка 3 километри на границата со Белорусија, а на медиумите и хуманитарните организации им е забранет влез во таа зона. Од почетокот на октомври, според објавата на полската гранична стража, евидентирани се 6.000 обиди за илегален премин во Полска од Белорусија.