Советот за безбедност на ОН на денешната седница ќе го разгледа редовниот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН за ситуацијата на Косово. Извештајот ќе го претстави шефот на мисијата на ОН во Косово (УНМИК), Захир Танин кој рече дека новиот извештај се фокусира врз владините реформи, владеењето на правото, безбедносните прашања и ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.
Вучиќ не очекува решение на седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово
САД повикаа на смиреност по вчерашните настани на Косово
Во пресрет на седницата на Советот за безбедност на ОН, Танин во Белград се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ, а во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти, како дел од редовните консултации. Во Приштина беше објавено дека претседателката на Косово Вјоса Османи отпатува за Њујорк на за да учествува на седницата на Советот за безбедност на ОН. Србија на седницата ќе ја претставува министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ. Претходната седница на Советот за безбедност на која се дискутираше за шестмесечниот извештај за работата на УНМИК, се одржа на 13 април во онлајн формат.