Блинкен: Потребно е да продолжи пристапниот процес со Северна Македонија и Албанија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и високиот претставник за надворешна политика во Европа Жозеп Борел на прес -конференција во седиштето на ЕУ во Брисел, 24 март 2021 година

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, по средбата на Блинкен со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел во Вашингтон. „Државниот секретар ја ја истакна потребата да се продолжи понатаму со пристапниот процес со Албанија и Северна Македонија“, нагласи Прајс кој додаде дека секретарот Блинкен ја потврдил важноста од партнерството меѓу САД и ЕУ, и заложбата на САД да работат заедно со ЕУ да се спротивстават на заедничките предизвици.

Ескобар - Природен чекор е Западен Балкан да биде дел од ЕУ

Според портпаролот на Стејт департментот, двајцата функционери разговарале за заедничките грижи од зголемувањето на цените на енергијата и нивното влијание врз глобалното економско закрепнување и се согласиле да одржат министерски состанок на Советот за енергетика меѓу САД и ЕУ на почетокот на 2022 година.

САД: Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за Западен Балкан

Блинкен ја потврди поддршката на Соединетите држави за посилна и поспособна европска одбрана, што позитивно придонесува за трансатлантската и глобалната безбедност и е во согласност со НАТО.