Додик: Санкции на ЕУ ќе го означат датумот на независна Република Српска

Милорад Додик на прес-конференција во Источно Сараево. 14 октомври 2021.

Доколку Европската унија (ЕУ) донесе одлука за некакви санкции за Република Српска или за нејзино исклучување од програмите што ги имаат тука, нека напишат дека тоа е датумот на независна Република Српска, рече денеска во Сараево членот на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик.

Додик на прес-конференција одржана по состанокот на властите на ентитетот на БиХ Република Српска и амбасадорот на ЕУ, изјави дека неговата најава не претставува закана за територијалниот интегритет на БиХ.

„Ние не сме против територијалниот интегритет на БиХ, туку сме за за уставната позиција на БиХ. Ако тие мислат дека можат да се закануваат со санкции, тогаш ние имаме право на наша политичка одлука. Тогаш тоа е само наша реакција, а не закана“, Рече Додик.

Додик исто така најави дека Република Српска ќе ги преземе сите мерки за да ги врати уставните надлежности, што како што рече, не е отцепување.

„Во следните неколку дена ќе закажеме Националното собрание на Република Српска да ја повлече претходно дадената согласност за реформите во армијата, Високиот судски и обвинителски совет (ФСПС) и фискалниот систем, како и за управата на индиректното оданочување. Ќе донесеме закон за неприменување на законите у БиХ кои беа наметнати од високи претставници во Република Српска, а тоа се околу 140 закони “, рече Додик.

Тој нагласи дека овој процес „не може да го запрат ниту Европската комисија, ниту Соединетите Американски Држави (САД), ниту Британцит“. Тој, исто така, објави дека на судиите на Судот во БиХ и обвинителите на Обвинителството на БиХ ќе им биде изречена забрана за работа во РС.

„Тие нема да можат да работат на просторот на Република Српска. Ние ќе им дадеме рок од неколку дена да се засолнат и ако не го сторат тоа, тогаш ќе ги испратиме на убав начин со нашите расположливи средства“, рече тој.

Во четвртокот во Источно Сараево се одржа состанок на амбасадорите на ЕУ со властите на Република Српска, составен од членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Недеjко Чубриловиќ.

Беа поканети 28 претставници на амбасадорите на земјите, но од нив на состанокот присуствуваа 11.

Претставниците на Британската амбасада претходно изјавија дека нема да присуствуваат на состанокот во Источно Сараево.

Средбата се одржа по тримесечна блокада на институциите на Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на властите на ентитетот на Република Српска од средината на јули ја бојкотираат работата на државните институции поради одлуката на поранешниот висок претставник Валентин Инцко да воведе закон со кој се казнува негирање на геноцид и други воени злосторства.