Турската национална валута лирата денеска достигна рекордно најниско ниво откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови.
Ердоган донел одлука со која замениците гувернери Семих Туменанд и Угур Намик Кучук, заедно со друг член на Банката, Абдула Јавас се сменети, и на нивно место се назначени Таху Чакмак за заменик гувернер и Јусуф Тун за член на Централната банка.
По објавувањето на веста, лирата падна на рекордно ниско ниво од 9.1900 во однос на доларот, што е загуба од 1 отсто тој ден, а досега таа ослабе за околу 19 отсто во текот на оваа година.
До промена на членовите дојде откако претседателството во средата вечерта објави дека Ердоган се сретнал со гувернерот на Централната банка Сахап Кавчиоглу.