Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во пресрет на седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово изјави дека „ не верува оти на таа седница нешто ќе се реши“.
„Не верувам дека нешто ќе се реши, затоа што и да направат Албанците секогаш ќе имаат поддршка од „големата петторка“. Ние можеме даочекуваме поодршка од Русија и Кина и неколку помали земји, но тоа нема да гисм ени работите на терен“, изјави денеска Вучиќ.
Седницата на Советот за безбедност е закажана за 15 октомври. Станува збор за редовна седница која се одржува на секои 6 месеци и на која се разгледува извештај за Косово. Извештајот ги покрива активностите на мисијата на ОН во Косово и ситуацијата во државата од 16 март до 15 септември годинава.
Одржувањето на седницата доаѓа на само два ден по новата криза која го зафати северот на Косово, каде што локалните жители од српска нациоанлнаост протестираа против акцијата на косовската полиција против криумчарење на стока.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Последните податоци покажуваат дека при протестите биле повредени десетина полициски службеници, десетина граѓани на Северна Митровица и осумина се приведени поради инцидентите.
Косовскиот премиер Албин Курти по случувањата изјави дека полицикста акција е против организиран криминал со криумчарење на стока во цело Косово, а не против граѓаните на одредена националност или локација. Вучиќ на тоа изјави дека „Курти не ја зборува вистината“.