Трет ден по ред, здравствените власти регистрираше нов рекорден број смртни случаи како последица од ковид-19. Во изминатите 24 часа починале 986 луѓе и регистрирани се 31.299 нови случаи на инфекција со ковид-19 што е нејзин највисок еднодневен извештај за инфекција од почетокот на пандемијата.
Кремљ вината ја посочува во бавната вакцинација во Русија и апелираше до луѓето да се вакцинираат.
Русија беше брза во развивањето на вакцината Спутник В во текот на минатата година, по што одобри и четири други вакцини, но вакцинацијата се одвива бавно. Како причина за тоа многу Руси ја наведуваат недовербата кон властите и стравот од нови медицински производи.
И покрај порастот на инфекции и смртни случаи, Кремљ ја исклучува опцијата рестриктивни мерки и заклучување на национално ниво, делегирајќи ја моќта да донесуваат одлуки на регионалните власти за заострување на ограничувањата со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Рускиот претседател Владимир Путин на 12 октомври ја нагласи важноста на широката вакцинација и ги повика пратениците да помогнат да се охрабри населението да ги вакцинира.
„Мораме трпеливо и упорно да работиме со луѓето и да ги објасниме сите предности на вакцината против оваа опасна болест“, изјави Путин на состанокот со новоизбраните руски пратеници.
Околу една третина од населението односно 43 милиони се вакцинирани изјави премиерот Михаил Мишустин.