Државниот завод за ревизија(ДЗР) ги потсетува сите учесниците на Локалните избори, кои треба да се одржат в недела, дека еден ден по завршувањето на изборната кампања, треба до Државниот завод за ревизија да достават извештаи за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања.
Кампањата завршува во петок на полноќ.
В сабота на 16 октомври ќе работи Архивата на Заводот за ревизија за да може учесниците на изборите да ги достават извештаите. Архивата ќе работи до полноќ, а извештаите може да се испратат и по електронска пошта, на службената адреса на ДЗР dzr@dzr.gov.mk.
Во извештаите треба да се наведат трошоците за кампањата и расходите, како и примените донации.
Политичките субјекти се должни овие извештаи да ги објават на своите веб страници, велат од ДЗР.