Доставување на избирачкиот материјал за локалните избори

Симулација на идентификација на отпечатоци од прсти на локалните избори

Државната изборна комисија, како што е најавено, денеска со обезбедување од полицијата до сите општински изборни комисии ќе го достави доверливиот избирачки материјал, каде што спаѓаат гласачките ливчиња и избирачките списоци. Утре, исто така со придружба и обезбедување на полицијата, ДИК ќе ги достави сите уреди за биометриска идентификација во општинските изборни комисии, кои и таму ќе бидат соодветно обезбедени од полицијата. Уредите за биометриска идентификација на гласачите се комплетно подготвени и наполнети со отпечатоците од прсти на гласачите од избирачкиот список, добиени од страна на МВР.

Првото „фингерпринт гласање“ во Македонија во 10 чекори

Во пресрет на изборите, лични карти можат да се подигнат и во сабота и недела

Локалните избори ќе се одржат в недела на 17 октомври. Гласањето за изборите почнува в сабота, а први ќе гласаат пријавените болни и немоќни, лицата со ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, и во старечки домови. Првпат на овие избори идентификацијата на гласачите ќе се врши со уреди за биометриска идентификација односно со отпечаток од прст, а како и за претходните избори, ќе се применуваат мерки за заштита од ковид-19.