Нападната новинарска екипа на Радио Слободна Европа во Косово

Косово

Нападната е новинарска екипа на Радио Слободна Европа од група демонстранти во косовската општина Звечан. Нападот бил за време на нередите кои избија поради полициската акција против криумчарење на стока. При влезот во општината каде што имаше инциденти околу 50-тина демонстранти го застанале возилото со кое патувала екипата на Радио Слободна Европа барајќи да престанат со снимање.

Повредени нема, но предизвикана е материјална штета. Опремата е оштетена при обидот на демонстрантите да и ја одземат камерата на Радио Слободна Европа.

Новинарската екипа се движела по магистралниот пат Приштина - Рашка од каде што известуваа за блокадите кои беа поставени кон општината Звечан. Локалното население во оваа општина постави барикади на патот во знак на протест против косовската полициска акција.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Инциденти на Косово, има повредени и упасени

Претходно Асоцијацијата на новинарите во Косово изрази загриженост поради напдите врз новинарите кои што известуваат од терен за инцидентите.

Според последните официјални податоци најмалку шест полицајци се здобиле со телесни повреди, десетина граѓани на Северна Митровица побарале лекарска помош и осумина се приведени. Ова е епилогот од инцидентите кои избија денеска во Северна Митровица и Звечан при полициската акција за која косовската полиција тврди дека имала за цел спречување на шверц.

Косовската полиција употреби солзавец против демонстрантите кои денеска се упатиле кон полициската станица во Северна Митровица, револтирани од акцијата против криумчарење стока.