Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од утре ќе почнат да бараат согласност од родителите за спроведување на скринингот во училиштата.
„Со оглед на тоа што сега е готова методологијата, од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа, почетокот на следната тоа ќе се обезбеди, за да од следната недела се спроведе скринингот, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
Тој апелираше до родителите да го прифатат скринингот, додавајќи дека нема ништо страшно и оти на децата ќе им се земе обичен брис. Целта е да се открие дали ќе има асимтоматски носители на вирусот меѓу децата.
- Брзи ковид тестови за учениците - меѓу стресот и ефектот
- Калкулирање со ковид мерките поради изборите
Филипче рече дека следниот понеделник во Владата ќе се разговара за воведување на мерката во затворените места да може да се влезе само со сертификат за примени две дози на вакцини.
Министерот рече дека следните чекори во борбата со пандемијата ќе зависат од корона скринингот во училиштата, за да се види дали има асимптоматски ученци, но и од епидемиолошката слика со овој процент на вакцинација на населението од што ќе зависат и следните евентуални рестриктивни мерки.