Хуманитарното прашање во фокусот на средбата меѓу талибанците и ЕУ

Среба меѓу претставници на талибанците и на катарските власти во Доха.

Прашањето за признавање на новата власт во Авганистан предводена од Талибанците е минимизирана, а фокусот е ставен на ангажманот и хуманитарните прашања, вели катарскиот функционер Мутлак Ал Катани.

Во Катар, во рамите на состанокто на Г20, денеска се состануваат претставници на талибанците и на ЕУ.

„Сметаме дека ова [признание] не е приоритет. Она што сега е приоритет, додека зборуваме, е хуманитарното прашање, образованието, бесплатниот транспорт на патници“, рече Мутлак Ал-Катани, специјален пратеник на министерот за надворешни работи на Катар.

Катар одигра клучна дипломатска улога во Авганистан пред и откако беше завршено повлекувањето на меѓународните трупи предводено од САД кон крајот на август.

Доха, повеќе од една година беше домаќин на мировни преговори за Авганистан, пред талибанците да ја преземат власта и владата поддржана од меѓународната заедница да побегне. Оттогаш Катар посредува дипломатски и помогна во меѓународните напори за евакуација на граѓани од Авганистан.

Врз новите власти во Авганистан расте меѓународниот притисок да ги исполнат основните ветувања и да ги почитуваат човековите права, особено на жените и девојчињата.

Досега талибански делегати се сретна со претставници на САД и со претставници на други земји. Разговорите со американските власти се одржаа викендот. Американската страна истакна дека состаноците не значат признавање на талибанската влада.

Денешниот состанокот на Групата 20 (Г20) е фокусиран на тоа како да им се помогне и како да се гарантира безбеден излез од земјата на илјадници Авганистанци, кои се сојузници со Западот, а кои се уште се во земјата.

Пред самитот на Г20, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, објави дека Европската унија ќе даде дополнителни 700 милиони евра (809 милиони долари) итна помош за Авганистан и неговите соседи. Со тоа помошта што ја понуди ЕУ достигна една милијарда. Претходно ЕУ одвои 300 милиони евра за основни услуги и храна за Авганистанците.

„Мораме да сториме сè за да спречиме голем хуманитарен и социо-економски колапс во Авганистан“, рече фон дер Лејен.

Но, таа додаде дека Талибанците прво мора да ги исполнат петте претходно наведени „одредници“ на Европската унија за да добијат долгорочна помош, односно треба да се почитува владеењето на правото и човековите права, да се спречи извоз на тероризам, да има „инклузивна влада и претставничка преодна влада“ преку разговори со различни елементи во Авганистан, потоа пристапот до хуманитарна помош да биде неограничен и да им се дозволи на странски државјани и Авганистанци во ризик да заминат од земјата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, треба да се приклучи на состанокот на Г-20.

Кина јавно побара да се укинат економските санкции кон Авганистан и да се одмрзнат милијарди долари од имотот на Авганистан и да му се вратат на Кабул.