Министерството за внатрешни работи (МВР) ги информира граѓаните дека за време на претстојниот викенд ќе се издаваат лични карти во пресрет на претстојните Локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври.
Ден пред изборите ќе работи Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) за прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.
Во сабота во истото време ќе работи и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ.
Во недела, пак, на денот на изборите сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.