Ким Џонг Ун вети дека ќе изгради непобедлива армија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека ќе изгради „непобедлива“ армија и ги обвини Соединетите држави дека создаваат тензии и не прават ништо за да докажат дека тие немаат непријателски намери кон Пјонгјанг, објавија денеска севернокорејските медиуми. Ким рече дека неговиот обид да изгради таква армија не бил насочен кон Јужна Кореја и дека не треба да има нова војна во која корејскиот народ ќе се бори еден со друг.

Ким Џонг Ун понуди отворање на жешката линија со Јужна Кореја

Северна Кореја изврши тест на суперсонична ракета

Ким одржа говор во понеделникот на изложбата за развој на одбраната „Самоодбрана 2021“, организирана по повод 76-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија. На изложбата, меѓу другото, беа прикажани интерконтинентални балистички ракети што Северна Кореја веќе ги тестираше или демонстрираше за време на воената парада. Ким Џонг Ун рече дека Вашингтон продолжува да создава тензии во регионот со своите погрешни проценки и постапки.