Во Доха состанок на претставници на Талибанците и на ЕУ

Талибанска делегација во Доха, 11.10.2021.

Претставници на Талибанците денеска во Доха ќе се сретнат со претставници на ЕУ, најави нивниот министер за надворешни работи, што е уште еден чекор во напорите на новиот авганистански режим да стави крај на дипломатската изолација. „Имавме позитивни средби и со претставници на други земји", рече Амир Кан Мутаки на конференција во главниот град на Катар, но не прецизира за кои претставници на ЕУ станува збор.

САД се согласиле да достават хуманитарна помош за Авганистан

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека санкциите воведени против Авганистан и бавната реакција на меѓународната заедница на политичката криза во земјата ја доведуваат таа земја на работ на колапс. Тој ја повика меѓународнaта заедница да дејствува и рече дека е особено загрижен поради непочитувањето на ветувањата на Талибанците за правата на жените и девојките во Авганистан.