САД се согласиле да достават хуманитарна помош за Авганистан

САД ќе достави хуманитарна помош за Авганистан

Новите авганистански талибански владетели објавија дека Соединетите држави се согласиле да достават хуманитарна помош за таа сиромашна земја на работ на економска катастрофа, иако тие се уште одбиваат да ја признаат моќта на тоа екстремистичка група. Талибанците рекоа дека нивните разговори со Соединетите држави во Катар „поминале добро“. Тоа беа први директни разговори по повлекувањето на САД од Авганистан кон крајот на август.

Талибанците нема да соработуваат со САД во сузбивање на Исламската држава


Талибанците изјавија дека Вашингтон се согласил да даде хуманитарна помош за Авганистан по договорот таа да не се поврзува со официјално признавање на талибанската влада. САД јасно ставија до знаење дека преговорите во Доха во никој случај не се вовед во признавањето на талибанскиот режим, кој дојде на власт со сила на средината на август.