Додик: Република Српска ќе се повлече од заедничката војска и судството на БиХ

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик на 10 август во Белград.

Водачот на босанските Срби Милорад Додик изјави дека етничкиот српски ентитет ќе се повлече од заедничката војска, највисокото судско тело и даночната администрација на земјата, потег што хрватскиот член на претседателството го нарече „криминален чин на бунт“.

Додик - српскиот член на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина, на 8 октомври рече дека „договорот што го дадовме за законот за одбрана, Високиот судски и обвинителски совет и Управата за индиректно оданочување ќе биде повлечен“.

„Ќе ја повлечеме согласноста за [заедничка] армија“ на гласање во Парламентот на Република Српска управуван од Србите, рече тој.

Одлуката може да дојде „во следните неколку дена“ и армијата на Република Српска може да биде формирана „во рок од неколку месеци“, изјави тој пред новинарите во Бања Лука - главниот град на српскиот ентитет.

Останува нејасно со каква опозиција ќе се соочи планот меѓу колегите на Додик во етнички српскиот ентитет.

Сепак, коментарите сигурно ќе ги зголемат тензиите во регионот по бојкотот на главните политички институции во БиХ од страна на Србите.