Полицијата уапсила двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, јавува МИА повикувајќи се на извори на истрагата.
Според нивни извори, сега уапсените, во Скопје допатувале од Милано.
Борбата против корупцијата- успешна само ако има и пресуди
Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.